1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – Србија – ОН

*

Српскиот премиер Воислав Коштуница му дал инструкции на амбасадорот при ОН Павле Јеремиќ да ги информира сите членки на Советот за безбедност за „отворената закана на САД врз територијалниот интегритет на Србија„. Во пораката на Коштуница се вели дека ветувањето на САД оти ќе ја признаат независноста на Косово и доколку бидат неуспешни преговорите меѓу Белград и Приштина, претставува закана за кршење на Резолуцијата 1244 на Советот. Објаснување за ваквата позиција на Вашигнтон е побарана и од американската амбасада во Белград.