1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово - Совет за безбедност

*

Судбината на предлог-резолуцијата за идниот статус на Косово поднесена во Советот за безбедност на ОН ќе биде определена во текот на наредните неколку дена, изјави амбасадорот на САД во ОН, Залмај Халилзад. Според Халилзад, сега се‘ е во рацете на Русија. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, денеска изјави САД се решени да дојдат до независност на Косово “на овој или оној начин“. Според портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, доколку резолуцијата за статусот на Косово не биде усвоена во Советот за безбедност, светот има план Б за Косово, кој би бил соопштен во случај на еднострано прогласување независност на покраината. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер, синоќа во Берлин предложи почеток на преговори меѓу Белград и Приштина. Српскиот претседател, Борис Тадиќ и претседателот на рускиот парламент, Норис Гризлов, на средбата во Белград, денеска повторија дека е неопходно наоѓање компромисно решение за Косово.