1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – Совет за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН го разгледа најновиот извештај на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, за развојот на ситуацијата во покраината во последните три месеци. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, ја напушти седницата на Советот оценувајќи дека извештајот на Рикер е пристрасен и дека тој наместо да говори за спроведување на резолуцијата 1244 на ОН, се залагал за независност на покраината. Според вршителот на должност амбасадор на САД во ОН, Александро Волф, извештајот на Рикер е урамнотежен и објективен. По седницата на Советот за безбедност, шефот на УНМИК рече дека во извештајот се говори за извесен напредок во спроведувањето на стандардите на Косово, истакнувајќи дека се држел до својот мандат.