1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Косово се откажа од апсењето на Вулин

Косовското обвинителство ја поништи наредбата за апсење на српскиот министер без ресор, Александар Вулин, задолжен за Косово и Метохија.

Косовското Јавно обвинителство ја прекина истрагата против српскиот министер без ресор, Александар Вулин, поради „незаконски влез на територијата на Косово“ и ја повлече наредбата за негово апсење.

Обвинителството добило извештај од полицијата, според кој, на 17 октомври Вулин влегол во Косово со возот, кој сообраќа на релација Краљево-Звечан-Косовска Митровица.

Косовското Обвинителство на 24 октомври почна истрага против Вулин за незаконски премин на границата, а потоа Основниот суд во Косовска Митровица издаде наредба за негово апсење. Вулин е министер без ресор во српската Влада задолжен за Косово и Метохија.

Министерот Вулин утре треба да ја посети Грачаница на Косово заедно со потпретседателот на владата, Александар Вучиќ. Повлекувањето на налогот за апсење на Вулин инаку го потврди и косовската полиција, како што пренесува порталот Koha.net .