1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово - резолуција

*

Советот за безбедност на ОН ја прекина седницата на која требаше да се разговара за најновата предлог резолуција за Косово и нејзиното продолжение го закажа за 24 часа. САД се заканија дека доколку Русија стави вето на новата предлог резолуцијапроцесот на решавање на статусот на покраината ќе се измести од Советот за безбедност. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс вчера изјави дека САД се решени да дојдат до независност на Косово “на овој или оној начин“. Според портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, доколку резолуцијата за статусот на Косово не биде усвоена во Советот за безбедност, светот има план Б за Косово, кој би бил соопштен во случај на еднострано прогласување независност на покраината.