1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – резолуција

Шефот на УНМИК на Косово, Јоаким Рикер очекува Советот за безбедност на Обединетите нации по неколку недели да донесе резолуција за статусот на покраината. Според Рикер, најзначајно е тоа што генералниот секретар на светската организација Бан Ки Мун, го поддржал предлогот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари. Рикер смета дека процесот на барање решение за Косово ќе успее и нема да се оставрат најавите за можно еднострано прогласување независност од страна на косовските институции.