1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово - реакции

*

Москва, според соопштението на руското министерство за надворешни работи, е подготвена да соработува и натаму конструктивно во барањето решение за конфликтот околу идниот статус на Косово. Српскиот премиер, Воислав Коштуница, изјави дека Белград и Москва постигнале важна победа со која останале зачувани суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија. Коштуница нагласи дека неговата земја е подготвена на натамошни преговори. Косовскиот премиер, Агим Чеку, реагираше со разочарување на пропаднатите преговори во Советот за безбедност. Според него, планираното предавање на процесот на преговори во рацете на Контакт групата би имало смисол само доколку процесот не е блокиран.