1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – преговори

Русија смета дека е важно да продолжи преговарачко-дипломатскиот процес за наоѓање компромисно решение за Косово,соопшти руското министерство за надворешни работи. Преговарачкиот тим на Косово, пак, вчеравечер оцени дека преговарачкиот процес што го водеше Марти Ахтисари за тимот е завршен и дека сега неговата работа ќе биде концентрирана во Советот за безбедност на ОН. Членовите на косовскиот преговарачки тим изјавија дека тимот ќе функционира се до усвојување нова резолуција на ОН за Косово.