1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Косово повторно тема во Советот за безбедност на ОН

Полтиката за Косово која ја најави цивилниот администратор Хари Холкери "Стандарди пред статус" и нивна "операционализација" ќе биде клучното прашање на расправата. Официјален Белград најави дека ќе бара да се договори начинот на кој ќе се проценува дали Косово ги достигнало стандардите кои му ги постави меѓународната заедница како предуслов за почеток на решавање на конечниот статус на покраината.

Косовскиот премиер Бајрам Реџепи, пак очекува "објективен извештај за актуелната состојба на Косово", додавајќи дека Холкери пред заминувањето "воопшто не се консултирал со косовските власти". За Реџепи е "понижувачко и тоа што на седницата не присуствуваат косовски претставници", при што го повтори барањето тоа да им се овозможи во иднина.

Советот ќе го разгледува и извештајот на Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан во кој тој го осудува насилството над малцинствата во покраината и ги повикува властите во Белград и Приштина, низ неодамна започнатите контакти да работат на унапредување на условите за живот на Косово:

"Ги повикувам обете страни да вложат напори за разговорите да резултираат во конкретни акции кои ќе водат кон значително унапредување на секојдневието на населението", вели Анан во редовниот тромесечен извештај кој се однесува на периодот од 1 јули до 1 октомври.

Анан има пофални зборови за напорите кои ги преземаат косовските власти за да одговорат на потребите на населението, но додава дела проблемот на безбедноста на српското население и понатаму предизвикува сериозна загриженост.

Според Анан постоењето на паралелни административни структури на Косово, кои ја имаат поддршката на Белград, се пречка за интеграцијата косовските Срби во локалните институции. Генералниот секретар препорачува нивно распупштање.

Српскиот вицепремиер Небојша Чович одговара со барање пред Советот на ОН, да се зборува за тие "наводно паралелни иснтитуции" и најави дека Белград во врска со тоа ќе изнесе податоци кои "нема да бидат пријатни, за никој нормален човек".