1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Косово очекува напредок на преговорите со Србија

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај очекува напредок во преговорите со Србија на состанокот на премиерите на двете земји што треба да се одржи на 2 април.

default

„Ова е дијалог за нормализирање на односите меѓу двете страни како одделни и независни држави“, изјави Хоџај. „Сметам дека ќе има напредок на 2 април. Ние работиме на тоа, но сметам дека причината што нема напредок е Белград, а не Приштина“, истакна Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај.

Хоџај изјави дека верува оти никој во Брисел нема интерес од создавање на српска република во Северно Косово и дека секој што го предлага тоа, е „против мирот, безбедноста и стабилноста на Косово и регионот“. „Тоа е нашата црвена линија“, предупреди Хоџај.

Србија не ја признава независноста на Косово, но е под притисок од ЕУ да ги подобри меѓусебните односи и да се надминат поделбите меѓу албанското мнозинство и српското малцинство на Косово. Двете страни не постигнаа договор на 21 март по долгите преговори меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, на кои домаќин беше високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон.