1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – ОН

*

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и неговиот пратеник за Косово Јоаким Рикер следниот понеделник ќе поднесат извештај до Советот за безбедност на ОН за состојбата во покраината. Во извештајот на Бан, според дипломатски извори, се оценува дека општата безбедносна ситуација во покраината е на површина мирна, иако постои опасност од избувнување насилство. Во извештајот на Рикер пак се наведува дека приштинските институции, паралено со преговорите за статусот, го продолжиле исполнувањето на стандардите зададени од меѓународната заедница.