1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово-одложување на решението не придонесува за стабилност

*

Постојаното пролонгирање на еден процес не придонесува за стабилност во регионот,изјави на вчерашната прес конференција претседателот на Комисијата за европски прашања на Бундестагот Гинтер Кирхбаум.Тој се сретна со српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ,кој предупреди дека едностраното прогласување независност на Косово може да ги зајакне националистите и да доведе до распад на неговата влада.

Српската влада пак ја предупреди ЕУ дека признавањето на еднострано прогласена независност на Косово би значело кршење на меѓународното право и би било преседан, кој ќе ја стави во опасност стабилноста на целиот регион. Дипломатски извори од ЕУ и Германија најавија признавање на Косово во случај на пропаѓање на прегворите за стстусот на Косово меѓу Белград и Приштина.