1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Косово не ги дава обвинетите за убиствата кај Смилковско езеро

Косовскиот министер за правда Хајредин Кучи изјави дека неговата земја не екстрадира свои државјани, по барањето од Македонија да и' бидат предадени двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Косово не екстрадира свои државјани, изјави министерот за правда на Косово, Хајредин Кучи (на фотографијата) во изјава за SETimes за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во Македонија за петкратното убиство што се случи кај Смилковското езеро, во април минатата година. Кучи вели дека косовското право се соочува со двајца осомничени, но нивното двојно државјанство може да ги поштеди од екстрадиција.

„Косово не екстрадира свои државјани. Двајцата за кои станува збор се косовски државјани (а имаат и македонско државјанство)“, вели Кучи. На Демири и Исмаиловиќ треба да им се суди во Косово за нелегално поседување оружје што им беше откриено во моментот кога беа уапсени во Приштина. Судот во Приштина ќе одлучи за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ, иако нема краен рок за одлуката.

Исмет Салиху, професор по меѓународно кривично право на Приштинскиот универзитет, вели дека врз основа на домашните закони Косово не треба да ги екстрадира двајцата поради нивното косовско државјанство. Но, како што рече тој, може да има исклучок ако постои меѓусебен договор меѓу двете држави кој предвидува ваква ситуација.

„Во таков случај, дури и косовски државјанин може да се екстрадира во согласност со меѓународниот договор кој го потиснува домашниот закон“, рече Салиху за SETimes. „Нормално, тие ќе ги разгледаат политичките, националните и безбедносните интереси“, рече Салиху. Косово и Македонија потпишаа договор за екстрадиција кој досега се одвиваше непречено. Неколку дена по апсењето косовските власти го екстрадираа Шукри Алиу, кој беше  осомничен дека им бил ментор на двајцата вмешани во убиствата во Смиљковци, во Македонија, се вели во информацијата што денеска ја објави порталот SETimes.

Поврзана содржина