1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – Контакт група

*

Земјите на Контакт групата без Русија, ја потврдија желбата да се дојде до резолуција на ОН, со која ќе се потврди планот на Марти Ахтисари за независност на Косово. По завршувањето на средбата во Париз, е соопштено дека претставниците на Германија, САД, Франција, Италија и Велика Британија ја потврдиле својата желба без одлагање да се продолжат преговорите во Советот за безбедност на ОН за да се дојде до резолуција која ќе овозможи спроведување на планот на Ахтисари. Русија, која е членка на Контакт групата, но не присуствуваше на состанокот во Париз, е против планот на Ахтисари и се заканува со вето во Советот за безбедност.