1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – Ишингер

*

Претставникот на ЕУ во преговарачката тројка за Косово, Волфганг Ишингер, денеска треба да се сретне со српскиот премиер Воислав Коштуница. Предвидени се и разговори со амбасадорите на земјите членки на Контакт групата, како и со невладините организации во Србија. По вчерашната средба со Ишингер претседателот на Србија, Борис Тадиќ, нагласи дека е неопходно што поскоро да започнат директни преговори меѓу Белград и Приштина за решавање на статусот на Косово. Според министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ, пак, потврдена е средбата на двете делегации на маргините на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.