1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Косово е пред тежок испит

Шестмина членови од косовската влада од помалиот партнер во владејачката коалиција, Демократскиот сојуз на Косово, поднесуваат оставки. Премиерот Хашим Тачи има намера што поскоро да се одржат парламентарни избори.

default

Тачи има поддршка од САД за што поскоро одржување на избори, пишува „Кохадиторе“

Косовскиот премиер Хашим Тачи има намера парламентарните избори на Косово да бидат одржани што е можно побрзо откако Демократскиот сојуз на Косово најави дека денеска неговите министри ќе ја напуштат косовската влада и со тоа ќе се раскине коалицијата со Демократската партија. Приштинскиот весник „Коха диторе“ пренесува денеска дека Тачи има поддршка од дипломати од САД во намера што побрзо да бидат одржани изборите, а како можен датум се споменува 5 декември оваа година. Официјален став од Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи се’ уште нема. Засега таа само јавно ја отфрли можноста за формирање на техничка влада.

Jahresrückblick 2008 Februar International Kosovo Unabhängig

Опозиционите партии меѓутоа имаат различни ставови за излез од најновата политичка криза. Потпретседателката на Алијансата ново Косово, Мимоза Кусари Лјилја истакнува: „Сметаме дека сега вонредните избори се единствениот спас за излез од институционалната криза, во која не‘ турнаа партиите на владејачката коалиција.“

Потпретседателот на Алијансата за иднината на Косово Адриан Џини, чиј лидер Рамуш Харадинај се наоѓа во притвор во Хаг изјави: „Сметаме дека има уставни можности, ако постои политичка волја кај актуелната власт, да и’ се даде време на Централната изборна комисија добро да ги подготви изборите и тие да се одржат на 13 февруари,“ вели Џини.

Тахири: Вонредни избори најверојатно се излез од кризата

Најверојатно решение за излез од кризата сепак се вонредни избори, оценува за Дојче веле политичкиот аналитичар Рамуш Тахири. „Најверојатна опција е Хашим Тачи да побара вонредна седница на Парламентот, да побара гласање за доверба на владата, владата да падне и да се излезе на вонредни избори кои би требало да се одржат некаде околу 5 декември годинава,“ вели Тахири.

Bujar Bukoshi Kosovo

Бујар Букоши

Иако претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека одлуката за излез од владата била донесена поради непостоење на рамноправност меѓу коалиционите партнери, опозицинионите партии таа одлука во овој момент ја поврзуваат со внатрепартиските избори и можноста Сејдиу да ја загуби лидерската позиција од својот противкандидат Бујар Букоши. Во врска со ова аналитичарот Тахири вели дека „е нормално Сејдиу да сака да ја зацврсти својата позиција во партијата, но исто така е и нормално и Букоши да сака да ја искористи ситуацијата. Тачи пак настојува да отцепи едно крило од Демократсикот сојуз и смета дека за тоа во моментов попогодна му е фракцијата на Букоши.“ Аналитичарот Тахири напоменува дека Косово поради последните случувања се наоѓа пред тежок испит на демократијата и дека сигурно оваа година нема да дојде до дијалог со Србија.

Автор: Зулфија Јакупи/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска