1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – ЕУ

*

Српските политичари настојуваат да ги убедат неодлучните членки во ЕУ да не го следат примерот на САД со најавата за признавање и на едногласно прогласена независност на Косово. Тројката на големите во ЕУ, Германија, Франција и Велика Британија веќе изразија таква подготвеност, додека шест земји Шпанија, Унгарија, Романија, Словачка, Грција и Кипар се противат на ваквото решение. Поголема јаснотија во европската позиција кон косовскиот статус не донесе ни последната неформална средба на европските министри за надворешни работи во Португалија.