1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Косово во септември добива целосен суверенитет

Косово во септември ќе добие целосен суверенитет, одлучи денеска (02.07) Меѓународната управувачка група за Косово.

„Меѓународната супервизија завршува“, изјави австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер денеска во Виена, по средбата на Меѓународната управувачка група за Косово, каде членуваат 25 држави, меѓу нив и неколку држави на ЕУ, Турција и САД. Во јануари годинава Меѓународната група соопшти дека Косово направило толкав напредок, што „надгледувањето на независноста“ може да заврши до крајот на годината. Цивилниот претставник на Меѓународната група на Косово, Питер Фејт, денеска изјави дека младата држава станала „модерна, демократска и мултиетничка“. „Има уште многу да се стори, но досега е направен впечатлив напредок“, изјави Фејт, чија работа завршува во септември.

Концептот на „надгледувана независност“ е на поранешниот посредник за Косово Марти Ахтисари. Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година. Белград не го признава тоа и го третира Косово и натаму како српска покраина.