1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово бара краен рок, Србија сака преговори без временски лимит

*

Србија се залага за суштински преговори за идниот статус на Косово кои нема да бидат лимитирани, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ. Според министерот преговорите треба да се водат во рамките на постоечката резолуција 1244 со која се гарантира територијалниот интегритет на Србија. Косовскиот премиер Агим Чеку побара од ЕУ да се одреди краен рок кога ќе се донесе нова резолуција за независно Косово. Тој по средбата со евродипломатот Хавиер Солана, вчера изјави дека во спротивно Косово еднострано ќе прогласи независност. Солана инсистирал решението да се најде во СБ на ОН. ЕУ и САД работата на нова предлог резолуција која предвидува 120 дена за преговори во кои треба да се дојде до решение. Текстот не предвидува автоматска независност на покраината во случај преговорите да пропаднат.