1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово – Ахтисари

САД го отфрлија барањето на Русија за смена на специјалниот пратеник на ОН за преговорите околу статусот на Косово, Марти Ахтисари. Според портпаролот на американскиот Сетјт Департмент, Шон Меккормак, Ахтисари својата задача ја извршува добро. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Мишел Монтас, изјави дека Ахтисари ја ужива во целост довербата на првиот човек на светската организација, Бан Ки Мун. Шефот на руската дипломатија, сергеј Лавров, во саботата изјави дека преговорите за Косово би требало да продолжат под раководство на нов посредник на ОН.