1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Космотрон - излезен од соништата и дојден од иднината

Космотрон изгледа како спортски автомобил од иднината. Така барем беше замислувано во 1950-тите дека денес ќе изгледаат автомобилите. Британецот Пол Бејкон дизјанираше необичен спортски автомобил на иднината.

Автомобилот на иднината би можел да изгледа вака - брз, сензационален и со впечатлив изглед. Барем кога станува збор за автомобилите на Пол Бејкон. Нему конвенционалните автомобили му беа премногу здодевни, па Британецот си создаде сопствен дизајн.

„Како што растев секогаш си мислев дека вака ќе изгледа автомобилот што ќе го возам во 2013 година, дека вака ќе изгледа во иднина. И, доаѓаш тука и се разочаруваш, бидејќи автомобилите не изгледаат така. Веројатно со добра причина. Си помислив - јас ќе направам тоа да се случи“, вели Пол Бејкон.

Резултатот е омаж на старите научно-фантастични филмови. „Космотронот“ потсетува на иднината, но на онаа за која се сонувало во 1950-те и 60- години. Моторот е јасно видлив нанадвор. Возачот седи под купола од плексиглас.

„Јас мислам дека погледот на иднината од перспективата на почетокот на 50-те години на минатиот век е многу оптимистичен поглед за тоа каква ќе биде иднината. Патувања во вселената - слетувања на месечината. Се обидов да создадам автомобил според тој поглед на иднината и можеби без нашиот денешен поглед на иднината“, вели Бејкон.

Космотрон е создаден во шупата во градината на Пол Бејкон во англискиот град Лестер. Вообичаено школуваниот столар тука од старо железо заварува нови велосипеди, кои подоцна ги изнајмува или продава. Во моментов тој работи на „лоурајдер“ - така се нарекуваат ниските велосипеди.

Гледај видео 04:14

Возило од соништата и иднината

„Првиот апарат-заварувач ми го купи татко ми. Тогаш сфатив дека велосипедот лесно може да биде исечен и направен во нешто диво за само еден ден. За разлика од автомобилот, за кој се потребни 18 месеци, со велосипедот можеш да добиеш толкава голема реакција на улица за само 12 часа“, објаснува создавачот на необични автомобили.

Космотронот привлекува вистинско внимание. Затоа Пол Бејкон со задоволство се вози низ стариот дел од Лестер и изгигрува забавувач. Секогаш каде и да се појави се собираат љубопитници.

„Ова е најневеројатното нешто што сум го видел. Доаѓа директно од филмот за Скуби Ду од 70-те години, зарем не? Никогаш не сум видел вакво нешто и веројатно му требале 5.000 часа да го направи“, вели еден жител на Лестер.

„Би било убаво да се повозам со него и да видам како е“, вели друг љубопитен граѓанин.

„Мислам дека ова е добра идеја. Ретрото е кул, но со модерна ексцентричност - да, ми се допаѓа идејата“, вели жителка на Лестер.

Модерна е и техниката во космотрон. Во внатрешноста се крие БМВ Зет-3 од 1998 година. 18 месеци траеше менувањето на германскиот спортски автомобил во британско возило од соништата.

„Го сакав целиот пакет од БМВ-то: системот за пренос на брзината, амортизацијата... Ништо од тоа не менував. Исто е како што излегло од фабрика. Но, врз сето тоа сакав екстравагантен дизајн. Јас само ја потврдив перфектната основа“, вели Бејкон.

Тој знаеше како да ги искористи и остатоците од спортскиот автомобил. Секако, тој си направи велосипед.

„Останаа делови. Еден дел беше за заштеда на простор, за гумата. Така што го исеков центарот и го монтирав одзади. Велосипедов би можел да развие 50 километри на час. Мислам дека може. Мора да се кочи со нозете, но како и да е не се движи толку брзо. Многу непрактичен велосипед, ама изгледа кул“, објаснува Бејкон.

Спротивно на тоа, космотронот е безбеден и има дозвола да се движи на улица. Пол Бејкон сега бара муштерија за него. Тој треба да има над 35.000 евра за да го оствари сонот за автомобил од иднината.

Аудио и видео прилози на оваа тема