1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Корупција и криминал пречка за ЕУ

Печатот на германски јазик пишува за распуштање на парламентот во Црна Гора, новата српска влада, но и за германскиот „придонес“ за финансиската криза во еврозоната.

„Ноје цирхер цајтунг“ пишува дека во Подгорица „владата бара нов мандат за пристапни преговори со Европската унија“ и дека тоа е главната причина зошто е распуштен парламентот.

„Со овој чекор се отвора пат за предвремени избори. Редовните избори беа планирани дури за пролетта 2013-та. Граѓаните со право на глас меѓу 620.000 жители на ова мала земја, ќе бидат повикани веќе во октомври за излезат на нови избори. Во парламентот кој го сочинуваат 81 пратеник, без оглед на противењето на опозицијата, на владејачката Демократска партија на социјалистите не и’ беше тешко со 47 гласови ЗА да го распушти парламентот. Оваа партија која веќе подолго од две децении владе со Црна Гора сега на изборите повторно е голем фаворит“, пишува НЦЦ.

„Како причина за предвременото распуштање на парламентот владата го наведува почетокот на пристапните преговори со ЕУ. (...) Демократската партија на социјалистите на долгогодишниот претседател и премиер Мило Ѓукановиќ за оваа цел ја обнови и коалицијата со социјалдемократите, која постои веќе 14 години.

Оттука, расцепкатаната и лошо организирана опозиција и покрај погласната критика против власта (пролетта се одржаа различни големи демонстрации против Демократската партија на социјалистите и Ѓукановиќ) има минимални шанси за промена на власта.

Лутината на народот е насочена и кон ендемската корупција и организираниот криминал во земјата. За овие проблеми веќе со години укажува и Европската унија во извештаите за напредок“, пишува НЦЦ и заклучува дека ЕУ не сака во преговорите со Црна Гора да ги повтори грешките што ги направи со Романија и Бугарија. „Во однос на Црна Гора - од американското стручно списание ’Foreign affairs’ од неодамна означена како ’мафијашка држава’ - се препорачува заострени услови во посебна мерка“.

„’Проевропски’ пози“ е насловен коментарот во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во кој читаме:

„Тоa е величествена трупа, која наводно си ја постави целта, да ја води Србија во Европската унија“, пишува авторот на коментарот Михаел Мартенс и продолжува: „Застрашувачкото не е тоа што новите властодржци ја променија нивната стара реторика, туку што промената е само поза. Вчера се славеа масакри и ’етнички чистења’, денес тие се ’проевропски’, без притоа макар и делумно да се носени од европската мисла. Ако утре задува друг ветер, луѓето како Николиќ, Дачиќ и Вучиќ повторно ќе бидат меѓу првите. Но, прво мора Србија да ја изведат од тешка економска криза“.

Весникот „Зиддојче цајтунг“ потсетува дека шефовите на држави или влади на ЕУ на самитот одржан на крајот на јуни дадоа зелено светло за откуп на државни обврзници. „На тој начин би требало да се олесни тежината од каматите за финансиски загрозените земји. Позадина на сето ова е загриженоста за Шпанија и Италија, како и за монетарната унија воопшто. Мадрид изминатите денови за своите држави обврзници мораше да плаќа рекордни камати од преку седум проценти. Така високи камати, толку ги зголемуваат трошоците за финансирање што сите мерки за штедење и реформи постануваат тешко изводливи. Доколку не се спречи ова, загрозена е монтарната унија“.

Претседателот на еврогрупата Жан-Клод Јункер и на Германија и‘ припишува вина за заострувуање на финансиската криза: „Германија си дозволува луксуз со тоа што од прашањето за еврото постојано прави внатрешно-политичко прашање“. Јункер оценува дека е штетно кога поединечни политичари се залагаат за исклучување на Грција од еврозоната „Со исклучување на земјата не би се решиле проблемите во еврозоната. Напротив - тоа наголемо ќе му штети на угледот на ЕУ и последиците би биле големи“, вели Јункер, а пренесува „Зиддојче цајтунг“.