1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Корупција: „допирливи“ и „недопирливи“ на Балканот

Германскиот печат опширно пишува за пресметката со тајкуните во Србија. На удар е најголемиот- Миодраг Мишковиќ, но ФАЦ се прашува дали станува збор за борба со олигарсите или борба за моќ?

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) пишува за „Еден вид земјотрес“ во Србија по полициското сослушување на „еден од моќните олигарси во земјата поради сомнение за корупција“. Александар Вучиќ летоска, по изборот за заменик премиер, уверуваше дека негова најважна цел е борбата против корупцијата, но такви ветувања се составен дел на предизборните кампањи на опозициските партии, потсетува ФАЦ, па констатира: „Паѓа в очи, меѓутоа, дека Вучиќ во борбата против корупцијата оди подалеку од неговите претходници. (...) Повеќе пати во изминатите месеци тој рече дека во Србија управувана од него никој веќе нема да биде над законот“.

Четиричасовното сослушување на милијардерот Мирослав Мишковиќ е „за српски околности сензационален резултат. (...) Досега беше незамисливо олигарсите да бидат повикани во полициска станица. Новиот развој се должи и на влијанието од странство. Србија е под притисок од ЕУ да преиспита половина дузина сомнителни проекти за приватизација, во кои делумно е вмешана и ’Делта‘ (концернот на Мишковиќ, н.з.).“

ФАЦ пренесува оценки од Белград дека “никој веќе не е недопирлив во Србија“, па забележува: „Но, се чини дека има место за скепса, оти уште не е сигурно како да се оцени новиот курс на избраните властодршци во Белград. Дали навистина станува збор за одамна неопходната борба против олигарсите, или е само игра за моќ? Неизвесно е дали јавното обвинителство отвора сериозни истраги против олигарси како Мишковиќ, дали ќе биде подигнато и обвинение и, по фер процеси, ќе има пресуди. Постои и опасност со поединечни потези со ефект во јавноста да биде одвратено вниманието од тоа дека не се постапува темелно против корупцијата. Како централен извор на корупција и натаму се

сметаат државните набавки. За тоа досега неможеше ништо да се слушне од владата“, констатира ФАЦ.

Протести во Словенија

Истиот весник известува и за насилните протести во Словенија предизвикани поради сомневањата за корупција на градоначалникот на Марибор, како и од незадоволството од владата на премиерот Јанез Јанша. ФАЦ вака ја опишува економската состојба во земјата: „Словенија, која во 2004 пристапи кон ЕУ и како прва посткомунистичка земја во 2007 година го воведе еврото, се наоѓа во пад, чиј крај уште не може да се согледа. Во меѓународната финансиска криза во 2008 година таа, по Грција, забележа најголем пад на економските постигнувања (минус осум проценти) во еврозоната. Меѓународниот монетарен фонд за 2012 очекува натамошно опаѓање на БДП за 2,2 насто. Дури во втората половина на 2013 година трендот би можел да се сврти, доколку на владата и’ успее да го консолидира буџетот, да го либерализира пазарот на работна сила и да реализира натамошни пазарно-стопански реформи.“

„Случајот“ Ѓукановиќ

„Под заштита на функцијата - како премиер на Црна Гора, Ѓукановиќ е обезбеден од истрага“, пишува „Зиддојче цајтунг“. „Кога некои дипломати од ЕУ зборуваат за Ѓукановиќ, по правило него го опишуваат како спорен балкански политичар. Тоа најчесто звучи како свесно минимизирање. Од пред повеќе од 20 години Ѓукановиќ се споменува во контекст на шверц со цигари и други афери. И, од пред повеќе од 20 години нему му успева практично непрекинато како

Montenegro Milo Djukanovic

Мило Ѓукановиќ

претседател или премиер да владее со јадранската република Црна Гора. (...) Сега Ѓукановиќ повторно се враќа на власт. Причините за тоа мора да се бараат во (италијанскиот град, н. з.) Бари. Таму на почеткот на февруари ќе започне процес против повеќемина обвинети за шверц на цигари од Црна Гора, кои му припаѓаат на кланот на Ѓукановиќ. Тој, навистина, не е обвинет, но веќе сега бега под заштита со имунитетот како премиер“.

Во текстот, инаку, се споменува и дека ЕУ летоска донесе решение за почеток на пристапни преговори со Црна Гора. „При тоа решение некои дипломати не се чувствува сосем добро, оти Црна гора со години се смета за упориште на корупција и на организиран криминал“, забележува „Зиддојче цајтунг“.