1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Корупција во Фолксваген

Додека илјадници вработени во Фолксваген во моментов страхуваат за своите работни места, јавниот обвинител води истрага против менаџери и членови на управниот одбор. Причина за истрагата се поранешните привилегии за врвните менаџери на фирмата.

Секси забави, проневери, поткупи:Волксфагенови менаџери живееле на висока нога

Секси забави, проневери, поткупи:Волксфагенови менаџери живееле на висока нога

Со години имено, на сметка на Фолксваген заминувале на скапи туристички патувања. Освен тоа, се зборува и за големи сметки за ручеци и други задоволства на разни забави на сметка и на штета на фирмата. В петок треба да биде соопштен извештајот од истрагата.

Измами, проневери, секси забави на сметка на фирмата. Сето заедно – материјал за многу крими филмови. Она што се случувало во Фолксваген и наликува на крими, всушност е чиста реалност. Членови на менаџерскиот тим, се тврди во обвинувањата, склучувале зделки на штета на фирмата, со милиониски загуби за концернот. Освен тоа и скапи патувања во странство. Сета афера се појави летоска, кога беше откриена цела мрежа валканици: Хелмут Шустер, отпуштениот шеф на Шкода, наводно префрлал пари на своето конто. Тој е обвинет дека од владата на една индиска сојузна држава касирал два милиона евра за ветувањето дека Фолксваген таму ќе гради сопствена фабрика. Веднаш потоа се појави ново име: Клаус-Јоаким Гебауер, некогашен член на менаџерскиот тим. И тој бил замешан во валкани зделки. Освен тоа, организирал различни секс-забави што за некои членови на управниот совет подоцна ќе станат катастрофални. Гебауер за обвинувањата вели:

„Некои од нештата што се спомнуваат делумно се вистински. Единственото за што се каам е дека дојдов во ситуација во која не сакав, поради други...„.

И долгогодишниот влијателен шеф на фирмата Клаус Фолкерт се најде во калта на аферата. Јавниот обвинител води истрага против него поради сомневање за помош или учество во проневера:

„Накусо: јас не сум свесен за никаква вина, воопшто не знам со што ја заслужив честа да ме гонат сите весници„.

Врвот на Фолксфаген сака расчистување на сите дејанија без остаток, а тоа го бара и премиерот на Долна Саксонија, Кристијан Вулф. Неговата покраина е најголемиот акционер во Фолскваген:

„Оние што на каков и да е начин се виновни ќе ги ослободат своите места и ќе ја преземат одговорноста, а потоа ние ќе преземеме мерки такво нешто повеќе да не се повтори„.