1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Корупцијата ја разјадува ЕУ

Корупцијата ги погодува сите 28 земји-членки на ЕУ и ги чини нивните стопанства околу 120 милијарди евра годишно, се наведува во првиот извештај на Европската комисија за корупцијата.

Сите земји членки на ЕУ имаат уште многу да сторат во борбата против корупцијата, предупреди денеска (3.02) Европската комисија во првиот извештај посветен на корупцијата во Унијата. Како проблематични случаи издвоени се Италија, Грција, Романија и Бугарија.

„Земјите членки сторија многу изминативе години за борба против корупцијата, но извештајот покажува дека тоа е далеку од доволно“, соопшти еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

Извештајот е особено критичен кон Бугарија и Романија, кај кои се забележани големи недостатоци во владеењето на правото.

„Во Романија и ситната и политичката корупција остануваат системски проблем... Политичката волја за борба против корупцијата и да се промовираат повисоки стандарди на интегритет се неконзистентни“.

„Во Бугарија, и покрај тоа што борбата против корупцијата долго се смета за приоритет, таа останува широко распространета“, наведува комисијата.

Перцепцијата за нивото на корупција е особено висока во Грција и Италија, каде 99 односно 97 отсто од граѓаните сметаат дека таа е широко распространета.

Генерално, нордиските држави имаат најдобри резултати. Германија е критикувана поради можноста избрани функционери да преземаат нови работни места во компании, на кои „можеби претходно им помогнале“.

Cecilia Malmström PK zu Menschenhandel in der EU

Сесилија Малмстром

Франција не сторила доволно за да и‘ застане на патот на корупцијата во јавните тендери и во меѓународните бизнис трансакции. Британија, иако оценета позитивно, треба повеќе да стори за да го спречи „ризикот од странско поткупување“ во одбраната.

Успех само преку политиката

Анкетата на ЕК покажува и дека речиси половината од компаниите во Европа ја наведуваат корупцијата како проблем во нивното работење. Претприемачите веруваат дека единствениот начин да се успее е преку политички врски. Особено градежните компании, кои често се натпреваруваат на државни тендери, се најпогодени. 80 проценти од нив се пожалиле на корупција.

Според проценките на ЕК, корупцијата годишно ја чини економијата на ЕУ околу 120 милијарди евра.

„Проблемот на Европа не е во ситниот поткуп, туку во врските меѓу политичката класа и индустријата“, вели Карл Долан од Транспаренси Интернешнл.

„Обидите да се регулира конфликтот на интереси на политичарите во соработката со бизнисот, се покажаа неуспешни“, вели Долан.