1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Корупцијата пречка за проширувањето на Европската унија

Финансискиот дебакл во Грција го изнесе на виделина фактот дека корупцијата и сивата економија станаа голем проблем во Европа. Европската унија треба да се загрижи, бидејќи проблеми со корупцијата има кај повеќе членки

Веќе одамна не станува збор само за неколку евробанкноти, кои се префрлуваат од една во друга рака или не се оданочуваат. Финансиската криза во Грција на сите службеници на ЕУ на драстичен начин им предочи, како плаќањето мито и вршењето услуги придонесуваа да се руинира едно стопанство.

Според индексот за корупција на Транспареси интернешнл, кој опфаќа 183 земји, проблеми има и во Унгарија, Бугарија, Хрватска, Чешка и Италија. Грција се наоѓа на 80-то место на листата. Мито има и во Германија - според копруцијата Германија во европски рамки е на средно ниво, во светски рамки на 14 место.

Cecilia Malmström Asyl Flüchtlingspolitik

ЕУ комесар Сесилија малмстрм

„Штетите кои корупцијата ги предизвикува врз стопанството на ЕУ годишно се проценуваат на 120 милијарди евра“, вели комесарот на ЕУ Сесилија Малмстром. „Тоа е околу еден процент од европскиот БДП, односно речиси еден вкупен годишен буџет на ЕУ“. Видот на корупцијата и опсегот се разликуваат од земја до земја, меѓутоа како долгорочен феномен подеднакво им штети на сите земји членки на ЕУ и на Унијата во целина. Таа води до помали инвестиции, попречување на внатрешниот пазар и ги намалува јавните финансии.

Експертите бараат европска стратегија

Европската унија е принудена да делува во борба против корупцијата. Во поинаков случај и се заканува дека ќе ја загуби веродостојноста и довербата што ги ужива кај граѓаните. Според последната анкета на Евробарометар на Комисијата на ЕУ мнозинството Европејци сметаат дека корупцијата е зголемена во последните три години. Речиси три четвртини од нив уверени се дека тоа е долгорочен проблем и веруваат, дека се подмитува на сите владини нивоа.

Dominik H. Enste

Доминик Енсте

Многумина експерти забележуваат дека вистински напредок нема. „Не се усвоени мерки кои ќе вродат резултат“, ја критикува ЕУ Доминик Енсте од Институтот за германското стопанство во Келн. Вистинска борба против корупцијата и сивата економија делумно може да се препознае во поединечни земји, но тоа не е насекаде така. „Сепак на темата и се посветува големо внимание и критички се прашува, дали податоците кои ги наведуваат различните земји, навистина може да се прифатат безусловно“. Енсте потсетува дека Грција си обезбеди место во европската монетарна унија со фризирани бројки за дефицитот. Исто така Нинке Палстра од Транспаренси интернешнл реагира воздржано: „Го поздравуваме тоа што темата, борба против корупцијата стана поважна, меѓутоа зборовите треба да се претворат во дела и да следуваат вистински подобрувања“.

Недостиг на политичка волја

Земјите од Европа имаат увид во проблемите: сите одамна знаат за што се работи и како може да се смени. Она што недостасува е неопходната воља. „Еден од најголемите предизвици е недостиг на анагажман од политичарите и носителите на одлуки во борбата против корупцијата“, се жали комесарката Малмстром. На европско и интернационално ниво постојат правни ремки, „но се покажа дека различно се спроведуаваат во поединечните земји членки“.

Nienke Palstra

Нинке Палстра

Дури кон средината на минатата година ЕУ го усвои пакетот мерки против корупцијата. Централна новина во него е европскиот извештај за борба против корупцијата, кој во иднина „ќе треба да ги покаже недостатоците и слабите точки во 27-те земји членки и да ја поттикнува политичката подготвеност за делување“, појаснува Малмстром. Извештајот, кој меѓу другото ќе се потпира на анализи и информации на јавните институти како и независни експерти, ќе биде објавуван секои две години. Економистот Енсте и соработникот на Транспаренси Палстра мерката на ЕУ ја оценуваат како важен чекор, но сметаат и дека тоа не е доволно. Меѓу другото, бидејќи на ниво на ЕУ не се создадени можности, за правно санкционирање на случаите.

Кочница за проширувањето

Постои можност поради корупцијата и да се одолговлечи проширувањето на ЕУ, бидејќи кандидатите за пристап Хрватска или Србија подолго и покритички се земаат под лупа, смета економистот Енсте. „Она што уште сега може да се набљудува е дека ова навистина ќе прерасне во кочница“. Тоа, според негово гледиште и не мора да биде хендикеп. Имено стрикното придржување на кандидатите за пристап може „да ја заштити ЕУ да доживее слични проблеми, како што сега е случај во јужна Европа и должничката криза“. Нинке Палстра исто така во кризата гледа шанса за кандидатите за пристап и „единствена можност“ да напредуваат во реформите.

Европскиот извештај за борба против корупцијата, кој во 2013 година првпат ќе биде презентиран, би можел да предизвика зголемен политички притисок. Можните кандидати за пристап во ЕУ ќе се штитат да не бидат во него ставени на тапет. Во фокусот на извештајот сигурно ќе се најдат Бугарија и Романија. Нивниот пристап во Шенген зоната на самитот на ЕУ во март го блокираше Холандија. Договорот сега е замрзнат, оти двете земји мора да покажат подобрувања при реформите на правниот систем и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Доколку во извештајот добијат негативна оценка, пристапот во Шенген зоната ќе биде уште подалечен.

Потребни се натамошни мерки и повисока свест

Како долгорочно да се подобри борбата против корупцијата? Доминик Енсте препорачува, да се создадат сигурни рамковни услови и фер правила, со кои секој граѓанин ќе има чувство дека праведно е третиран. За тоа неопходно е да се води транспарентна и консеквентна борба против корупцијата. Луѓето мора да станат свесни, дека се исплати да работат за легалното стопанство. „Не може да се дозволи чесниот да излезе глупав“. Ваквото чувство владее во Грција. Таму посебно богатите плаќаа ниски даноци.

Енсте многу добро знае, дека ваквите промени во некои земји не можат да се спроведат од денес до утре. Затоа треба јасно да им се сигнализира на луѓето дека во основа се случува промена. „Станува збор за тоа освен до главите, да се стигне и до срцата на луѓето, така што ќе имаат чувство дека се мамат самите кога ја манипулираат државата, бидејќи се дел од државата“.

Комесарката на ЕУ Малмстром притоа планира натамошни мерки за борба против корупцијата, како на пример построго водење на кривична истрага при финансиски деликти во земјите членки.