1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Корупцијата и натаму цути

Во случајот на Бугарија едена од точките врз кои се упатуваат најмногу критики е орагнизираниот криминал, како и корупцијата. Германскиот експерт Клаус Јансен кој беше испратен во Софија од страна на Комисијата, заклучи дека битката против криминалот во земјата е целосно хаотична. Неговиот извештај во Бугарија наиде на жестока критика:

Корупцијата зафати широки подрачја на државата, вели првиот демократски избран претседател на земјата Жељу Желев:

„Корупцијата денес е присутна во целиот државен апарат, без исклучок – на сите нивоа на власта. Тоа е страшно. А, сите обиди да се води систематска битка против тоа зло се многу, многу тешки, зашто и инструментите за таа операција се ’рѓосани и загадени па можат да го убијат ’пациентот’„.

Бугарија мора да вложи уште поголеми напори во битката против корупцијата, вели и Алесандро Бутиче од европското биро за битка против измами: тоа е многу долг процес, вели, па на Бугарија ќе и бидат потребни неколку години за да го совлада проблемот.

Бугарските експерти во подрачјето на борбата против корупцијата критиките од Брисел не ги сметаа за сосема оправдани, зашто Европската унија кај земјите членки и кандидатите за членство поставува различни услови. Руслан Стефанов од софискиот центар за истражување на демократијата смета дека нивото на корупција во некои земји членки на Унијата е повисоко од бугарското:

„Ако критиериум треба да биде тоа што во Бугарија треба да има помалку корупција отколку во најкорумпираната земја членка на Европската унија, тогаш Бугарија го исполнува тој критериум. Зашто сите меѓународно признанени анкети и истражувања јасно покажаа дека во Грција и Полска корупцијата е многу пораширена отколку во Бугарија„.

Стефанов критката на Европската комисија врз бугарската влада ја оценува како погрешна зашто не се потпира врз конкретни податоци или бројки.

Потпретседателот на пратеничката група на ЦДУ- ЦСУ во германскиот Бундестаг Андреас Шокенхоф од своја страна, критиката на Европејците ја смета за конструктивна. На тој начин може да и се помогне на Бугарија да ги совлада дефицитите:

„Мислам дека бугарската влада и партиите застапени во парламентот треба реално да видат каде уште има проблеми во земјата. За жал, Бугарија во последните години загуби време активно да се бори против нив. Мислам дека дебатата сега треба да се насочи кон тоа каква функција треба да одиграат заштитните клаузули, иако тие не се одбранбена мерка против членството на Бугарија. Напротив: тие треба да и помогнат на земјата колку што е можно побргу да ги надмине постојните тешкотии„.