1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Корупцијата во Македонија испреплетена во многу сфери

Македонија и натаму тапка во место со борбата против корупцијата. Нефункционирањето на надлежните институции - гавна причина заради неефикасната борба против корупцијата во Македонија.

Скопје

Скопје

Корупциската афера што во македонската јавност одекна под псевдонимот „Бачило“ покажува дека корупцијата во Македонија се испреплетува во сферата на урбанизмот, на денационализацијата, приватизацијата и судските постапки. Иницијрањето на овој случај антикорупциската комисија го смета за свој најголем успех во 2006 година. За криминалот тежок неколку милиони евра за кои е оштетена државата сеуште се води судска постапка. Државната антикорупциска комисија даде отчет за работата во мината година но и за четиригодишниот мандат на актуелниот состав.

Деновиве Македонија ќе добие нови анти корупционери. Членовите од првиот анти корупциски орган си заминуваат задоволни ги удриле темелите во борбатат против корупцијата во македонското општество кажа шефицата Слаѓана Тасева „ Дека е неопходно овој пат системот да оди во насока на создавање ефикасен систем. “

Во предметите на анкорупциската комсиија доминираат случаи од урбанистичкиот хаос и денационализацијата на државно земјиште. Граѓаните се жалат дека најмногу корупција има во државната администрација и во судството. Антикорупционерите во заминување пак на соработката со другите надлежни органи. Да беше системот поефикасен многу повеќе предмети ќе беа истерани до крај вели Тасева - „Ние никогаш не кажавме дека сме до крај задоволнио. Сметавме дека ќе беше многу подобро ако имавме добра соработка со другите институции. “

Како примери антикорупциската ги наведува проджбата на ОКТА и приватизаицијата на Фершпед. Случаи кои комисјата ги иницираше како сомнителни и ги повика надлежните да се вклучат во истрагата. Сеуште нема повратен одговор од полицијата и од јавното обвинителство за текот на истрагата или за евентуална завршница.