1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Корупциски скандал во Фолксваген

Корупциската афера во најголемиот автомобилски производител во Европа добива се пошироки димензии. Според пишувањата во германскиот печат, поранешниот член на раководството на Шкода Хелмут Шустер и шефот на работничкиот совет Клаус Волкерт со тајни бизниси се обиделе лично да се збогатат на сметка на концернот Фолксваген. Во трансакциите биле вмешани шест фирми. Зделката очигледно била добро уиграна, и

default

мајќи предвид дека според информациите тие траеле најмалку една деценија.

Клучна личност во аферата е сега веќе отуштениот од работа Хелмут Шустер. Според медиумските пишувања како посредник во зделките кои Фолксваген ги нарачувал кај своите доставувачи Шустер инкасирал добра провизија. Како пример се наведува изградба на една фабрика во Индија. Покрај тоа на виделина излегуваат и информации за луксузни патувања на сметка на фирмата во Бразил, посета на бордели и слично.

Портпаролот на дртжавното обвинителство од Брауншвајг Клаус Цие најави детална истрага:

„Истрагата ќе се води во сите насоки, без разлика за кои лица притоа станува збор„ рече Цие

Инаку во случајот и тоа како може да стане збор за многу важни личности. Концернот делумно е сопственост на сојузната покраина Долна Саксонија во која своевремно шеф на владата беше и канцеларот Герхард Шредер. Тој нагласи дека нема да се меша во овој случај. Какви можат да бидат последиците, доволно кажува изјавата на градоначалникот на Волфсбург Ралф Шелеке, цитирам, Ова е вистинска катастрофа за нас