1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Корупциски скандал во ФИФА

Поради обвинувања за корупција, привремено се суспендирани двајца членови на Извршниот одбор, Амос Адаму од Нигерија и Рејнолд Тимари од Тахити. Привремено се отстранети уште четворица други функционери.

default

Адаму и Тимари

Тажен ден за фудбалот, изјави претседателот на ФИФА Јозеф Блатер, по седницата на Комисијата за етика. Шефот на светската фудбалска асоцијација изрази негодување поради корупциската афера.

„Моја задача е да го штитам угледот на фудбалот и особено на ФИФА од манипулации и лошо однесување,“ смета Блатер.

Покрај двајцата членови на Извршниот комитет, Амос Адаму и Рејнолд Тимари, на кои им се префрлува дека биле подготвени да примат поткуп, привремено се суспендирани уште четворица функционери на ФИФА.

Sepp Blatter

Сеп Блатер

Претходно Амос Адаму од Нигерија и Рејнолд Тимари од Тахити цел ден беа сослушувани од Комитетот за етика на ФИФА. Сега треба Комисија да го испитува случајот, а одлуките би требало да бидат донесени до средината на ноември. Суспензијата на двајцата високи функционери на ФИФА трае 30 денови и може да биде продолжена за уште 20 денови. Во случај да биде укината по 30 дена, двајцата членови на Извршниот комитет, обвинети дека биле подготвени да примат мито, би можеле да учествуваат на изборот на домаќините на Светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 година на 2 декември во Цирих.

Британскиот весник „Сандеј Тајмс“ неодамна објави дека двајцата функционери на ФИФА, Адаму и Тимари, биле подготвени да го продадат својот глас за изборот на домаќините на првенствата во 2018 и 2022 година.

Автор: Паскал Лехлер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска