1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Корпа“ за израелскиот предлог

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас го отфрли израелскиот мировен предлог. Портпарол на Палестинците изјави дека тие и натаму опстојуваат на една географски единствена целина во границите од 1967 година.

default

Ехуд Олмерт

Израел и Палестинците сега јавно се расправаат околу идните граници. Трагањето по мировно решение досега им беше препуштено на шефовите на преговарачките тимови - израелската министерка за надворешни работи, Ципи Ливни и палестинскиот екс-премиер, Ахмед Куреи. Според обелоденетата понуда на израелскиот премиер Олмерт, Израел е подготвен на Палестинците да им даде 93% од територијата на Западниот брег. Портпаролот на палестинскиот претседател, Махмуд Абас ја отфрли ваквата понуда. Таа е неприфатлива зашто е спротивна на палестинското, арапското и меѓународното право. Според палестинските автономни власти, тие можат да прифатат само држава во границите од 1967 година, во која ќе нема ниту една еврејска населба.

Според предлогот на Олмерт, Израел има намера да задржи 7% од Западниот брег, во замена за што на Палестинците би им отстапил мал дел од сопствената територија. Имено, на појасот Газа би и‘ било додадено мало парче од израелската пустина Негев. Освен тоа, меѓу Западниот брег и појасот Газа би постоел коридор во кој би немало израелски безбедносни контроли.

Понудата на израелскиот премиер, од палистински агол на гледање, покажува дека Израел не е заинтересиран сериозно за наоѓање решение и дека очигледно сака да избегне решение „две држави“.