1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Корнелиа Пипер: Македонија ја гледам како идна членка на ЕУ!

Корнелиа Пипер, државен министер во германското Министерство за надворешни работи вели дека министерот Гидо Вестервеле и покрај нерешениот спор меѓу Македонија и Грција и натаму се залага за поголема Европа.

„Славистите во политиката“ е насловот на семинарот кој го организира Институтот за славистика на Хумболт универзитетот од Берлин на кој студентите имаат можност во директни контакти со политичарите Слависти да се запознаат со нивната работа и позитивното што го носи нивната специјалност. Оваа година со студентите дискутираше Корнелија Пипер, член на Бундестагот и на фукнкцијата државен министер во сојузното министерство за надворешни работи назначена од страна на германските Либерали (ФДП). Во разговорот со студентите Пипер одговараше на повеќе прашања врзани за Балканот, меѓу кои и: како гледа на проширувањето и европската иднина на Македонија?

„Со право министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле секогаш кога се во прашање европските интеграции се залага за транспарентност и вели дека и покрај нерешените конфликти, како на пример меѓу Македонија и Грција, и натаму треба да се залагаме за поголема Европа, за интеграцијата на новите членки“, рече Пипер.

Таа пред студентите зборуваше и за тоа каде во иднина ја гледа Македонија.

„Јас Македонија ја гледам како идна членка на Европската Унија. Сметам дека Македонија за ова има добри предуслови. Ќе кажам уште еднаш дека уметноста на дипломатијата се состои во тоа - имајќи ги предвид специфичностите на регионот, секогаш од нив да се извлечат најдобрите решенија за конфликтнине прашања“, изјави Корнелиа Пипер, државен министер во германското Министерство за надворешни работи, која кусо се осврна и врз интеграцијата во ЕУ на другите земји од регионот.