1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Корисно за целиот свет“

Помирливи тонови по разговорите меѓу претседателите на Русија и на САД, Дмитри Медведев и Барак Обама во Москва. На средбата беа постигнати првични договори за разоружувањето.

default

Дмитриј Медведев и Барак Обама

На почетокот на нивните разговори Обама и Медведев најавија дека сакаат да отворат нова глава во руско-американските односи. И изгледа дека навистина успеаја во тоа. Кога двајцата претседатели вчеравечер излегоа пред новинарите, тие делуваа опуштено и задоволно. „Сакам на почетокот на истакнам дека тоа беше еден многу корисен и многу отворен разговор. Тоа без сомневање беше средба на која се очекуваше како кај нас така и во САД. Таа е одлучувачка не само за иднината на нашите две земја, туку и за развојот на преспективите во целиот свет“, истакна рускиот претседател, Медведев.

САД и Русија планираат и натаму да служат како пример, пред се’ во областа на разоружувањето. Медведев и Обама се согласија за возен ред на чиј крај треба да стои договор со нови поограничени горни граници за атомско оружје. Двајцата претседатели им одредија рамки на нивните преговарачи: Бројот на носечки ракети треба да се движи меѓу 500 и 1.100 парчиња, а бројот на боеви глави меѓу 1.500 и 1.675.

Потесна соработка во меѓународниот ангажман во Авганистан

Двете страни планираат потесна соработка и кога станува збор за Авганистан. Американците во иднина смеат да го користат рускиот воздушен простор за транспорт на оружје и трупи. За американскиот претседател тоа е важен чекор во заедничката борба против тероризмот во Авганистан: „Тоа е суштински придонес на Русија за меѓународниот ангажман во Авганистан. Тоа и заштедува на Америка време и ресурси. За нашите трупи тоа е подршка што им е потребна.“

И во други области САД и Русија во иднина сакаат повторно потесно да соработуваат. Меѓутоа постои и цела редица проблеми кај кои немаше вистинско приближување, во што не можеа да залажат ни многуте пријателски зборови.

Редица прашања останаа отворени

За политиката кон Иран како и за прашањето како по војната во минатиот август треба да се протегаат границите на Грузија, имаше малку заеднички ставови. Исто така и за долготрајната спорна тема за планираниот анти-ракетен штит во Полска и Чешка воопшто не беше постигнат напредок. Обама сепак изрази надеж дека е можен компромис: „Ќе најдеме заеднички став. Меѓутоа не чека тешка работа, зашто мораме да ја надминеме долгогодишната недоверба.“ Од своја страна Медведев пак порача: „Нашата земја посакува односи со САД кои соодветствуваат на 21 век.“

Првиот чекор е направен, и тоа уште на првиот ден на посетата на Обама на Москва. Денеска треба да има нова средба и разговори меѓу двајцата претседатели.

Автор: Кристина Нагел / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска