1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кореја – атомски спор

Во спорот околу атомската програма на Северна Кореја има знаци за решение. Севернокорејската агенција КЦНА, повикувајќи се на министерството за надворешни работи, јавува дека замрзнатите средства во една банка во Макао, се префрлени на контото на една трета земја. Претставник на севернокорејското раководство потврди дека неговата влада ќе ја запре работата на атомскиот реактор како што вети, веднаш штом ќе бидат префрлени парите. Таквиот чекор би бил нов напредок на патот кон запирање на севернокорејската атомска програма.