1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Корените на францускиот национализам

Шокот по повеќекратното убиство во Франција уште не беше надминат, а тамошните политичари веќе повикуваа на обединување на „Големата нација“ и борба против надворешното зло. Дали е ваквиот концепт опасен?

Серијата убиства во кои беа застрелани три малолетни деца и тројца војници со имигрантски корени ја шокираа Франција, но и ги извадија на виделина старите концепти на поделби кои преовладуваат во француското општество.

Тие особено добија на гласност поради тековните претседателски избори во земјата, чија прва рунда е закажан за утре, недела 22 април.

Претседателските кандидати од сите партии експресно и испратија пораки на јавноста. Претседателот Никола Саркози злосторството го нарече „национална трагедија“ и ја повика „нацијата на единство“. Во сличен тон и Оланд ги повика „сите Французи да ги збијат редовите“.

Frankreich Jean-Marie Le Pen und Tochter Marine Le Pen

Марин Лепен со нејзиниот татко Жан-Мари Лепен

За многумина ваквиот концепт е проблематичен.

Обајцата претседателски кандидати се обидоа да го употребат веќе испробаниот рецепт за справување со кризи: се повикаа на единството на француската „Grande Nation" (Голема нација) за да се справат со големото зло кое на народот му се заканува однадвор.

Јасната поделба на „здравата нација“ која треба да се обедини и силите на злото, кои по правило доаѓаат однадвор, може да се гледа и како дел од францускиот идентитет. Но, од друга страна, во неа може да се забележи и особено опасна реторика- која во минатото беше инструментализирана од француската крајна десница.

Радикалниот десничарски Национален фронт основан од Жан Мари Лепен во 1972 година, го користи овој концепт во неговата агресивна пресметка со странците во земјата. Ќерката на Лепен, Марин, која годинава се кандидираше за претседател, засега се воздржа од такви коментари и изрази „жалење“ за убиствата.

Корени во 19. век

200 Jahre Französische Revolution

Прослава на 200-годишнината од Француската револуција

Францускиот национализам ги влече своите корени од периодот на Просветителството и доаѓа пред се’ од тогашната буржоазија. Подоцна, со судењето на еврејскиот генерал Алфред Драјфус, се развиваше интелектуалното движење чии први контроверзни дискусии се водеа токму околу темата за француската нација. По аферата Драјфус, национализмот, кој како идеологија беше инспириран од левицата која се залагаше за независна држава, полека почна да добива десничарски тенденции.

Во текот на 19. век преку концептот на нација се зајакнуваше францускиот колонијализам и се демонстрираше единство. Идентификацијата на француската колонијална култура стана основа за единство во империјата која се протегаше на сите страни на светот. Притоа, заедничкиот јазик стана клучот на „нацијата“.

Просветителскиот идеал за „граѓани на светот“, кој се наметна во другите култури, за француската империја беше најголема закана. Дури и денес, националната припадност во Франција не се одредува според потеклото, односно крвното сродство, туку само со раѓањето на француска територија.

Нацијата пред поединецот

Никаде во Европа поимот нација не е во толкава мерка присутен во сите правни и културни аспекти од живеењето како во Франција. Дури и Уставот предвидува дека нацијата има предност пред интересите на поединецот.

Chirac singt mit Anhängern die Marseillaise

Поранешниот претседател Жак Ширак ја пее Марсељезата со млади членови на неговата партија за време на кампањата во 2002.

Начинот на кој францускиот јазик се третира како културно богатство, е исто така уникатен пример во Европа. Образованието е во служба на нацијата, кое преку мрежата на елитни француски универзитети и идеалот за меритократија е длабоко врежан во домашната култура. Дури и крвавите стихови на националната химна, Марсељезата, кои повикуваат на прогон на секој не-Француз, се обврска за секое дете од училишна возраст.

Очигледно беше во изминатиот период, особено во време на криза веднаш по убиствата, дека на идејата за нацијата се‘ уште се гледа како на највисоко историско остварување, преку целиот политички спектар. Но, таквиот идеал може да биде употребен за многу различни политички цели.

Откако земјата ќе го надмине шокот по повеќекратното убиство од изминатите недели, ќе дојде време за натамошни анализи на оваа тема, како што сугерираше и претседателскиот кандидат Оланд.