1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Копнена офанзива во Хомс

Сириските копнени сили навлегоа во градот Хомс. Во населбата Баба Амро се воделе жестоки борби, информира опозицијата.

default

Сириски тенкови на улиците на Хомс

Населбата Баба Амро се смета за седиште на бунтовниците во Сирија, кои веќе една година се борат против режимот на претседателот Башар ел Асад.

Жестоки судири се водат во Баба Амро меѓу армиски припадници на режимот и дезертери, изјави активистот Омар Хомси за западни медиуми. 

Сириската армија воспоставила контриола врз Хомс, јави либанската телевизија Ал Манар. Сириски воен извор за телевизијата навел дека „отпорот на бунтовниците е скршен, а командниот центар во Баба Амро е заземен“. 

Поголем дел од бунтовниците се упатиле кон либанската граница. Погранични сили ги задржале во околината на градот Кусеир. Меѓу задржаните има Либанци и граѓани на други арапски држави меѓу кои и борци од Либија и Тунис.

 Според ОН во конфликтот досега загинале повеќе од 7.500 луѓе. САД според дипломати на ОН подготвуваат нова нацрт резолуција за Сирија во Советот за безбедност.

Автор:АТ/СН/дв/миа

Редактор:С.Недевки