1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Копе е наследник на Саркози на чело на УМП

Огорчената борба за освојување на лидерската позиција во француската најголема опозициона партија, Унија на народното движење, е завршена.

Дваесет и пет часа по затворањето на гласачките места, Изборната комисија задолжена за спроведување на изборите во Унијата на народно движење (УМП) го прогласи Жан-Франсоа Копе за победник.

Двајцата кандидати, во целиот период додека се пребројуваа гласовите, пред медиумите тврдеа дека секој од нив го добил мнозинството од гласовите, претходно обвинувајќи ја противничката страна за нерегуларности при гласањето. Екс-премиерот Франсоа Фијон го призна поразот, тој доби 49,97 проценти гласови, а победникот 50,03 насто. Челната позиција на Унијата на народното движење важи за отскочна штица за кандидатура за претседател на државата.

УМП немаше претседател од 14 мај 2007 година. Осум дена по изборот на Никола Саркози за претседател на Франција, тој го напушти претседавањето со партијата која го донесе на власт. Пет години партијата помина без претседател, за што беше изменет и статутот, период во кој раководството на партијата беше во рацете на генералниот секретар. Таа функција од 2007 до денес ја извршуваа Патрик Девеџиан, Ксавие Бертран и Жан Франсо-Копе.