1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Копа се надева дека 2014. нема да биде 'мртов' период за евроинтеграцијата на Македонија

Грчката европратеничка Мариа Елени Копа не верува дека повторното недобивање на датум за преговори за членство ќе предизвика „свртување на Македонија од Европската Унија“ , зашто земјата е тесно поврзана со Унијата.

Грчката европратеничка Мариа Елени Копа, која во Европскиот парламент беше известувач за стратегијата за проширување на Европската Унија фактот дека на декемврсикиот самит ЕУ не ѝ беше доделен датум за почеток на преговорите на Македонија го објаснува со предизборниот период во кој се наоѓаат европските институции.

„ Се наоѓаме на крајот од мандатот, затоа има помалку инсистирање на изнаоѓање на креативни решенија за прашањето со името.“ , вели Копа во интервју за Дојче Веле

Притоа европратеничката за која се појавија шпекулации дека била вклучена во тајните дипломатски преговори меѓу Македонија и Грција во времето кога Јоргос Папандреу беше премиер на грчката влада се надева дека овај период во кој северниот сосед на нејзината земја, нема да преговара нема да биде „мртов период“.

„Се надевам дека 2014 година нема да биде ‘мртов период’ и дека сепак ќе биде направен чекор напред“.

griechische Eu-Parlamentarier Maria Eleni KOPPA

„Сакаме јасна позиција“

И покрај тоа што Македонија согласно сите предвидувања и покрај петтата препорака од ЕУ , не доби датум за преговори, Мариа Елена Копа не верува дека тоа ќе предизвика „свртување на оваа земја од Европската Унија“ и оти таа може да се определи кон други партнери.

„Не верувам во тоа. Не верувам бидејќи оваа земја е многу поврзана со Европската Унија. Таа одржува тесна соработка со неа. Се разбира има прашања кои треба да бидат решени, кои ни се познати на сите, но нејзината ситуација не може да се споредува со тоа што се случува на друго место, како Украина која е расцепена меѓу Русија и Запад, што не е случај со нашиот сосед.“

Запрашана од ДВ, зошто Грција е толку непопустлива и не и дозволува на Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ, грчката европратеничка од редовите на ПАСОК одговара:

„Тоа е поради прашањето за името. За нас не е можно да отвориме преговори и со тоа да внесеме проблеми во Европската Унија. Ние сакаме јасна позиција и само потоа сме подготвени да дискутираме“ , го изнесува јасно познатиот став на сите грчки политичари, без разлика на нивната партиска припадност.

Инаку многумина од нејзините колеги во Европскиот парламент се надеваат дека Грција како земја претседавач со ЕУ во првата половина на 2014 година, ќе направи еден гест кон Македонија, со што ќе ги потврди амбициозните ветувања за земјите од Балканот донесени во Солун пред десет години и на кои Македонија засега сѐ уште стрпливо чека.

Поврзана содржина