1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Копачки од Кина

Додека светскот првенство во фудбал е во тек, малку кој помислува каде се прават копачките за фудбалерите.

Спортските чевли главно се финишираат во Кина

Спортските чевли главно се финишираат во Кина

Можеби некој се загледува пред првата судиска свирка, но потоа вниманиет е насочено кон настаните на теренот. А, за нив се потребни време и труд. Копачките за Балак, Бекам и компанија се прават во Шајнфелд што е многу голем искучок. Германските производители на спортски артикли Адидас и Пума ги финишираат пред се во Кина. Потребни се 240 станици додека од еден калап и бел штоф се роди една патика за џогинг. 240 машини за шиење и преси ѕунат во една работна сала со големина на фудбалски терен во јужно-кинескиот град Донггуан, оддалечен два часа од Хонгконг. Квалитетот е најважен, пишува на таблите. Оваа фабрика произведува ексклузивно за „Адидас„. Менаџерот Лу Јиндун е горд:

„Секоја од нашите производни линии продуцира илјада и 200 чивта чевли дневно, значи 120 на час. Мораме да внимаваме се да се одвива без проблеми: дали има проблеми во квалитетот, дали вработените добро ги владеат машините. Ако нешто не е во ред, веднаш мора да се реагира. Чевлите се работо-интензивна индустрија. Секој дел е важен. Пред да почант да работат кај нас, вработените мораат да минат низ процес на образование„.

Лу минува низ долгата низа машини. На секоја стои табла што ја објаснува нивната работа и укажува на опасностите. Вентилатори обезбедуваат чист воздух: освежување за 240 вработени со нивните црвени шамии, главно млади девојки меѓу 16 и 25 години:

„Моите примања достигнуваат 89 до 90 евра месечно. На тоа посебно се радувам. Доаѓам од Хенан каде што се заработува многу малку„.

„Ми се допаѓа работата, не е напорна. Овде сум една година. Бидејќи моите деца дома одат на училиште, тоа чини пари. Сега ги гледам еднаш годишно, напролет. Приходите ми се добри и добро сум третирана. Добивам 100 евра месечно. Ретко работам прекувремено„.

Тоа значи: 8 часа дневно, шест дена во неделата, сместување во стан на фабриката со 8 кревети, фабричка амбуланта: многу подобро од стандардите на кинеските фабрики. Доаѓаат најчесто од ужасно сиромашни провицнии како Хенан каде што могумина живеат со десет евра месечно. Штедат за свадба во родното село, најголемиот број се враќаат по година – две дома, велат менаџерите на фабриката на „Адидас„. Нивната фирма носи име „Јуен Јуен„ и вработува 40 илјади луѓе. Спаѓа меѓу најголемите производители на чевли во светот. Само во Кина „Адидас„ има договори со скоро 170 фабрики, а постојано конкурираат нови, вели Бил Андерсон. Тој проверува дали можниот партнер ги исполнува социјалните и еколошките стандарди:

„Во последниве години одбивме околу половина од пријавените. Кај други 20 насто баравме суштински подобрувања. Само ако се променат можат да дојдат предвид. Се разбира им плаќаме премија за подобрувањата. Бидејќи им обезбедуваме големи порачки, тешко можат да се бунат кога бараме да го одржуваат нашето ниво на платите. Ако откриеме вработени деца, фабриката мора да ги прати на училиште, но платата и натаму ја примаат со гаранција дека ќе добијат работно место кога ќе наполнат 16 години„.

Светските фирми како „Адидас„ можат многу да загубат и затоа во никој случај не сакаат негативни наслови во медиумите.