1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Координирани мерки за смирување на берзите

По најновите загуби на берзите, водечките индустриски нации во светот се обидуваат со координирани мерки да ја смират состојбата на финансиските пазари.

default

Актуелниот претседавач со групите Г 7 и Г 20, францускиот претседател Никола Саркози

За таа цел преку телефонска конференција разговараа замениците министри за финансии за Групата Г 20. За денеска е закажан и слична конференција на министрите за финансии и шефовите на централните банки на седумте најразвиени земји од Групата Г 7, од која се очекува да призлезе соопштение за јавноста.

Преставниците од Јапонија изјавиле дека е „нормално финансиските директори од Г 7 да се консултираат едни со други по телефон пред азиските пазари да се отворат во понеделник и да реагираат на промената на кредитниот рејтинг на САД, бидејќи агенцијата „Стандард еден Пурс“, го намали рејтингот доцна во петокот. Американскиот претседател Барак Обама ги повика републиканците и демократите на потесна соработка во мерките за санирање на големиот државен долг.

Во меѓувреме, и Европската централна банка денеска ќе одржи итен состанок за тоа дали во промет да пушти државни обврзници од Италија,која е последната и најголемата европската економија која се бори со својот буџетски дефицит во услови на криза.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/дв/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM