1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Координирани бунтовнички напади во четири ирачки градови

Повеќе десетици загинале во симултаното насилство во Бакуба , Фалуџа , Рамади и Мосул, со што се потврдуваат стравувањата за интензивирање на теророт воочи предавањето на суверенитетот во рацете на Ирачаните на крајот од месецов.

default

Најжестоки борби според извештаите на светските агенции , од зори се случуваат во градот Бакуба , кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Багдад . Најмалку 13 лица загинале кога маскирани герилци ја нападнале полициската станица во градот . Осуммина од нив се ирачки полицајци . Очевидци изјавија дека милитантите потоа ја презеле контролата врз главната улица во Бакуба , и притоа ги напаѓеле сите ирачки полицајци или американски војници што ќе ги здогледале. Американската армија соопшти дека двајца нејзини војници загинале за време на овие вооружени престрелки во Бакуба, по што било одговорено со воздушни напади.

Многумина од герилците на главите носеле жолти марами со натписот на милитантната група Ал Тавхид Ал Џихад , која има слично име како онаа предводена од јорданскиот терористи Абу Мусаб Ал Заркави , која досега ја презеде одговорноста за голем број напади во Ирак.

Бунтовниците во Бакуба делеле и летоци во кои Ирачаните биле повикани да не соработуваат со окупационите сили .

“ Месото на предавниците и повкусно од она на Американците ” пишувало во тие летоци .

Во Мосул пак , како што велат последните извештаи , најмалку 5 автомобили бомби експлодирале во близина на главната полициска станица вои центарот на градот . Бројот на жртвите во овие напади кои предизвикаа голема материјална штета сеуште не е познат. Единствено американската армија соопшти дека најмалку 1 маринец загинал а тројца биле повредени во теророрт во Мосул , град кој се наоѓа на 390 километри северно од Багдад.

Герилците утринава извршија напади со минофрлачи и врз две полициски станици во гардот Рамади . Најмалку 4 лица загинаа во овој град одалечен сто километри од главниот град.

Борби од зори се водат и на улиците бунтовната Фалуџа , во чија близина герилците соборија еден американски хеликоптер од типот Кобра , но како што беше соопштено нема жртви во овој инцидент.

Во меѓувреме американски оклпони возила навлегуваат , а воени авиони и хеликоптер ниско го надлетуваат градот, на чии главни улици се имаат забарикадирано, стотици бунтовници.

Американскиот генерал Марк Кимит предмалку потврди дека се случуваат судири во четири градови во Ирак , додевајќи дека со исклучок на Бакуб , ситуацијата во останатите места е под контрола.