1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Координација без опозиција

На дневен ред на, за денеска закажаната, координациска средба кај претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељаноски се Изборниот законик и измените на Законот за Судски совет. Опозицијата најави дека не доаѓа.

default

Трајко Вељаноски, Претседател на Собрание на РМ

На координацијата, претставник од Министерството за правда треба да ги образложи дадените решенија за Изборниот законик и за Судскиот совет. На средбата кај спикерот Трајко Вељаноски во понеделникот (28.02) беше донесен заклучок претседателот на ДИК да биде од најголемата опозициска партија, СДСМ.
Вељаноски во таа насока го повика СДСМ во законскиот рок, до сабота (05.03), да достави свој предлог за претседател на ДИК. Предложениот кандидат, како што посочи Вељаноски, ќе ја добие целосната поддршка од владејачкото мнозинство.

За Комисијата за утврдување на состојбата со избирачкиот список утврдено е дека треба да биде составена од претседател и десет члена. Претседателот треба да биде од СДСМ, а по еден член од НСДП, ЛДП, ДПА и НД, како и членови од владината коалиција. Според Вељаноски, Комисијата од седум до десет дена треба да ја констатира состојбата со Избирачкиот список. Според првиот парламентарец, за составот на Комисијата, како и за претседателот на ДИК би требало да се гласа на 15-ти март, на редовна собраниска седница.

Политичкиот директор за Југоисточна Европа и Турција при германското министерство за надворешни работи, Николаус Гроф Ламбсдорф по денешната средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, изјави дека обврска на парламентарното мнозинство е да ги штити правата на опозицијата, но истовремено подвлече дека обврска на опозицијата е да учествува во демократските процеси. „Ние сме донекаде критички настроени во однос на бојкотот на парламентот и веројатно би биле многу критични во однос на
бојкот на изборите“, изјави Ламбсдорф во Скопје, додавајќи дека одржувањето предвремени парламентарни избори е внатрешно прашање.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска