1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кооперација наместо конкуренција

Меѓународните сили во северниот регион на Авганистан, што се наоѓа под германска команда, наскоро ќе добијат засилување од околу 5.000 американски војници. Прашање е дали тие ќе и’ се потчинат на германската команда?

default

Главниот командант на ИСАФ силите, Меккристал и германскиот министер за одбрана Гутенберг во Берлин

На политичко ниво владее голема слога меѓу американските и германските сили во Авганистан. Најнов повод за тоа беше спасувачката акција на американскиот воен санитет, кој ги извлече загинатите и повредените германски војници од две заседи на талибанците. Германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, при неодамнешната посетата на Северен Авганистан, им се заблагодари на Американците за пожртвуваниот ангажман: „Сакам само да ја изразам мојата благодарност што ги ризикувавте сопствените животи за да ги спасите нашите војници.“

Конвергентни сили

Afghanistan ISAF Hubscharauber an der Grenze zu Usbekistan

Германски хеликоптер лета над Кундус

И полковникот Михаел Мац, кој командува со германскиот сили за брза интервенција во Северен Авганистан, го поздравува засилувањето што ќе го донесат американските војници. „Тие доаѓаат со голем број хеликоптери, кои ќе ни дадат голема поддршка на полето на санитетот, како и транспортот. За неа сме многу благодарни...“

Од присуството на Американците ќе профитираат и германските и данските батаљони за обука на авганистанската армија, со која во иднина почесто ќе соработуваат и во конкретните акции.

Соработка, а не конкуренција

Ваквото американско засилување во никој случај не треба да се набљудува како развластување на германската команда со северниот дел на Авганистан, порачува генералот Бруно Каздорф од Главниот штаб на ИСАФ силите во Кабул. „Таму се стационирани и други нации, Унгарци, Швеѓани, Норвежани и сега згора на тоа доаѓаат и Американците. Сите ќе бидат под команда на шефот за Северен Авганистан, кој е германски генерал.“

Германската влада има намера сепак да даде до знаење дека не отстапува од раководната улога во северниот дел

General Bruno Kasdorf ISAF

Генералот Бруно Каздорф

на Авганистан и од претстојното лето ќе испрати на таа функција генерал со две ѕвездички. Наспроти тоа војниците од германскиот континенг на ИСАФ сметаат дека Американците ќе спроведуваат акции за чистење на талибанските бунтовници и на своја рака и дека се’ на се’ ќе имаат поофанзивен пристап од нивните германски колеги. Тоа им е битно на Американците меѓу другото и за да ја обезбедат рутата за снабдување што води преку Узбекистан до Кабул. Во тоа секако ќе имаат помош и од нивните колеги од американските сили за специјални операции, кои веќе со години зад кулисите извршуваат акции против водечките фигури на талибанците.

Фокус на обновата

Американците најавуваат меѓутоа офанзива и во цивилниот сектор. Според соопштението на американската агенција за развојна помош, Ју Ес Еид, следната година за обновата на Авганистан ќе бидат издвоени четири милијарди долари, од кои голем дел ќе биде насочен кон северниот регион на земјата. Германското министерство за развојна помош штотуку ја зголеми помошта на 230 милиони евра.

Автор: Сабина Матај/ Горан Чутаноски

Редактор: Алексаднра Трајковска