1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Конјунктура во Германија 2006

Во 2006 конечно во Германија ќе дојде до економски полет. Сигналите се добри: светската економија расте, фирмите добиваат нови договори, индустријата има намера повеќе да инвестира, потрошувачите се посигурни.

Дали потрошувачите ќе го одврзат кесето повеќе во 2006?

Дали потрошувачите ќе го одврзат кесето повеќе во 2006?

По скоро еден процент во 2005, германското стопанство во 2006, според проценките на институтите за економија ќи се постигне пораст меѓу еден ипол и 1,7 проценти, а според прогнозите на банките и економските сојузи, дури и за 1,8 насто.

Веќе никој не спори дека германското стопанство по години стагнација, односно минимален пораст, повторно ќе тргне напред. Од доцното лето на минатата година економскиот пораст е во подем. Германија, неколку години на европската опашка, повторно е во средината. Индустријата очекува нов посилен растеж на извозот, како и инвестирање дома. Трговијата на мало се надева дека подобрената поторшувачка клима ќе донесе и поголем промет. Готовноста на Германците да купуваат не била одамна толку добра, што е од исклучително значење на конјунктурата, зашто приватната потрошувачка претставува повеќе од половината од брутонационалниот производ. Кога е таа запрена, не може да биде изедначена од силниот извоз. А, бидејќи извозот повеќе години силно напредува и откако фирмите ги зголемуваат инвестициите, експертите регистрираат и јасно зголемување на желбата за купување кај потрошувачите. За оваа година се очекува уште поголем скок и поради тоа што во 2007 ќе порасне данокот на додадена вредност од сегашните 16 на 19 насто. Ролф Биркл, истражувач на пазарот од Нирнберг, објаснува:

„Во 2006 ќе се видат предефектите на тој потег. Тоа значи дека ќе бидат потврдени ионака планираните скокови. Тоа ќе и помогне на потрошувачката во оваа, но ќе биде тешко во 2007-та година„.

Умниот потрошувач во оваа година ќе го купи сето она што одамна било потребно, иако е скапо: од автомобил, преку мебел до машина за перење. На тој начин ќе го избегне зголемувањето на данокот на додадена вредност за три поени. Само германските производители на автомобили за оваа година сметаат на зголемување на продажбата на автомбили за 50 до 80 илјади од просечното. Сличното се очекува и за инвентарот во германските кујни и дневни соби. Поради строгото штедење, пари има доволно. Меѓутоа, Германците штедат пред се од страв од безработица, за сопствените куќи или за подобрување на слабите пензии. Дали штедните книшки ќе бидат празнети во поголем обем за да се исполнат сопствените желби, останува да се види.

Очекувањата за пораст од еден ипол насто се чини се оправдани, поголем пораст не се исклучува. Сепак експертите страхуваат засилената конјунктура да не изгори како ќибритче, зашто поради данокот на додадена вредност во 2007 продвачката веројатно ќе опадне. Ролф Биркл предупредува:

„Почетокот на 2007 година сигурно ќе биде многу тежок за потрошувачката поради данокот на додадена вредност. Ние немаме искуство со толку голем пораст на тој данок. Досега најчесто зголемувањето беше за еден процент, а не за три како овојпат„.

Политиката дејствува според принципот надеж. Зашто сосема е можно конјунктурата во оваа година да се развива многу подобро од она што сите сега го очекуваат. А, ако тоа се случи тогаш со почетокот на новиот износ на данокот на додадена вредност може да изостане и најавуваниот застој.