1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Концерт на Лајпцишкиот оркестар во Атина

Оркестарот на Лајпцишкиот дом на културата, богат со традиција, гостуваше кај античките богови. Во подножјето на Акрополис, музичарите ги одушевија илјадниците посетители на Олимпијадата во Атина. Под водство на Херберт Бломштет, во античкиот тетатар беа изведени концерт за виолина и првата симфонија од Јохан Брамс. По претставата, одушевување имаше дури и кај германскиот министер за внатрешни работи, О

Акрополис

Акрополис

то Шили, инаку човек со помалку или повеќе сув речник.

Само да се присуствува не е доволно. Кој свири во градот на Олимпијадата, сака и да се презентира добро. Формата штима, во тоа е убеден и диригентот на Лајпцишкиот оркестар, професор Херберт Бломштет.

”Да, имам одличен тим и среќни сме што ја репрезентираме германската култура, еден поинаков дел од германската култура. Спортот е еден нејзин дел, но Германија е и земја на музиката.”

Маестро Бломштет, дозволува, на олимписки терен да биде опишан и како шеф на тимот:

”Да, тоа е фантастичен тим”

Речиси пет илјади луѓе го исполнија античкиот театар во подножјето на Акрополис. Меѓу нив и кралицата на Шпанија, Софија и други познати личности од политиката и спортот. Концертот на Лајпцишкиот оркестар е културен подарок на Германија, која на Олимписките игри е претставена од министерот за внатрешни работи, Ото Шили.

Министерот Шили, и самиот голем пријател на музиката, по концертот беше одушевен.

”Мислам деке беше извонредно. Тоа беше одлична соработка на еден многу надарен виолинист и еден оркестар со божествена музика на Брамс. Дури и би се осмелил да диригирам со ваков концерт, можеби не толку добро како што тоа го направи маестро. Преубав музички настан и тоа во толку убава околина. Во ваков еден амфитеатар не е потребен ниту еден технички апарат за да се добие ваква убава акустика. Ова не се заборава цел живот.”

Задоволството на тренерот во спортот најмногу зависи од тоа колку неговиот тим ги следел неговите тактички маршрути. Прашање до шефот на тимот Бломштет – дали беше таков случајот во Атина?

“Да, не само да се држиш до задачата, туку и да се даде повеќе, повеќе од очекуваното. Тоа е така – кога сме особено иснпирирани, сите се надминуваат себеси.”

Инспирацијата дојде пред се од трибините на грандиозниот антички театар. Местата беа повеќе исполнети отколку на некои олимписки натпревари. Аплаузот на крајот на концертот беше огромен. Почесни награди немаше, но во случај да ги имаше, како што вели Шили, на оркестарот, неговиот гостин – виолинистот Леонидас Кавакос и на диригентот Бломштет, би им била доделен највисокиот медал.

”Ако имаше медали, тогаш тие ја заслужија златната.”