1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Концерти за заштита на климата

*

Со концерти ширум планетава, што траеја 24 часа, интернационални рок и поп ѕвезди агитираа за заштита на климата. Последни, изутринава завршија концертите во Њујорк и Рио де Жанеиро. Во бразилскиот град присуствува повеќе стотици илјади луѓе. Концерти од акцијата „Лајв ерт“ се одржаа и во Сиднеј, Токио, Шангај, Хамбург, Лондон, Јоханезбург и Вашингтон. Солистот на групата Џенезис Фил Колинс рече: „Секој треба да го даде својот мал придонес, но големите риби, пред се’ владите и големите корпорации, мора да сторат повеќе, а не само да исклучат по некоја светилка во своите куќи“.

Соиницијаторот на концертите, поранешниот американски потпретседател Ал Гор, бара нови закони и технологии во борбата против загревањето на земјината атмосфера.