1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конфликтот се чуствува дури и во Шангај

Кинескиот претседател Ху Ѓинтао го откажа учеството на Самитот на Г8 во Италија, поради крвавите немири во провинцијата Хинџијанг. Тие фрлаат мрачна сенка и во илјадници километри одалечениот Шангај.

default

Сцена од големите нереди во Урумчи

Во судирите во главниот град на провинцијата, Хинџијанг, Урумчи според официјалните податоци досега загинали 156 лица. И покрај 20 илјади припадници на безбедносните сили насилството меѓу мнозинското население на Хан- Кинези ни муслиманското малцинство Ујгури вчера повторно се разгоре.

Квартот Жеџијанг - Лу е одалечен дваесетина метри од централниот плоштад во градот Шангај. Тесна улица со стари куќи меѓу облакодерите, и центар на Ујгурите во Шангај, кои тука држат ресторани и продаваат леб. Ако ги прашате Ујгурите за крвавите судири во нивната татковина Хинџијанг, одговорот е секогаш ист: „Не зборуваме кинески“, велат тие на кинески и кај мажите Ујгури може да се забележи дека тие не сакаат ништо да кажат. И етничките Кинези реагираат многу воздржано на прашањето за нередите во Хинџијанг. „Јас сум веќе во пензија. Не знам ништо за тоа“

Виновни се странски подбуцнувачи

China - Skyline von Shanghai

Шангај

Двајца млади Шангајци на наредната крстосница пак велат: „Го видов тоа на телевизија. Многу не размислував за тоа. Таа работа има малку заедничко со мојот живот. Немам коментар“

„Верувам дека владата добро ќе ја менаџира работата. На долг рок верувам дека Хинџијанг ќе биде стабилна провинција. Нереди има во секоја земја. Верувам дека се’ ќе биде добро“

Еден Шангаец пак стои пред ујгурска продавница за леб: „Случувањата во Хинџијанг нема да ме спречат да купувам ујгурско јадење. Често купувам тука. Шангај има многу врски со Хинџијанг. Мнoгу Шангајци имаат работено таму. Таму има пријателство и покрај сите разлики, пред се’ религиозни. Она што сега се случува во Хинџијанг е вооружен бунт. Насилството соаѓа од странски групи.“

Врпочем и официјалната пропагандна теза гласи дека поттикнувачи на насилството се сили од странство. Како многупати претходно на Кинезите им се пренесува впечатокот дека странски сили сакаат да го спречат подемот на нивната земја.

Автор: Астрид Фрајајзен / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска