1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Конфликтот меѓу Турција и ПКК се заострува

Во напад на курдските бунтовници синоќа (19.08.2011) загинале двајца турски војници. Во истовреме, турски воени авиони бомбардираа цели на ПКК во Северен Ирак.

default

Турските трупи во акција

Двајца турски војници се убиени, а четворица се повредени во синоќешниот напад на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) врз полициската станица Ерух, округот Сирт, во јужниот дел на Турција..
Бунтовниците ја гранатирале полициската станица, при што било возвратено. Во судирот меѓу бунтовниците и армијата, двајца од членовите на ПКК загинаа.
Четворица цивили се повредени во друг напад од курдските бунтовници во реонот на Первари, округот Сирт.
Во судир меѓу турските безбедносни сили и ПКК еден бунтовник загина во округот Тунџели, источна Турција.

Анкара ја спроведува новата стратегија против ПКК

Türkische Soldaten getötet

Турската авијација продолжи да ги бомбардира северните делови на Ирак и погоди 85 цели на курдските бунтовници, соопшти турската војска, пренесе Франс прес. Воени напади биле преземени во реоните Кандил, Хакурк, Авашин-Басјан и Зап.Најновите насилства во Турција започнаа по нападот на припадниците на ПКК на југозападот на Турција, кога загинаа девет припадници на безбедносните
служби. Веднаш потоа Анкара повторно почна да ги бомбардира позициите на курдските бунтовници што не го правеше повеќе една година.
Од почетокот на јули во нападите кои и‘ се припишуваат на ПКК загинаа 40
војници и полицајци.
Турција во четвртокот усвои нова стратегија со која се предвидува во
сузбивањето на курдските бунтовници да учествуваат и војска и специјална
полиција.

Автор:СН/ЖА/миа/мф

Редактор: Жана Ацеска