1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Конфликтот меѓу владата и ЕВН ескалира

Македонската влада бара од австриската компанија да го гарантира редовното снабдување на граѓаните со електрична енергија и упатува нови обвинувања за незаконско работење.

default

Мора ли да има толку прекини во снабдувањето со електрична енергија? Улицата „Македонија“ во центарот на Скопје

Владата на премиерот Никола Груевски побара ЕВН да го почитува законот и да не ја злоупотребува монополската позиција. Австриската компанија што го откупи дистрибутивниот дел од македонското електростопанство треба исто така да се придржува до купопродажниот договор и во врска со инвестициите. Доколку ги реализираше нив, тогаш немаше да дојде до толку испади во системот и до неквалитетно снабдување со електрична енергија на граѓаните, кои трпат голема материјална штета - порачува македонската влада во најновото соопштение.

Владата нема да толерира работење на штета на граѓаните и македонските претпријатија инвеститори само затоа што ЕВН е странски инвеститор. Законите се еднакви за домашните и странските вложувачи во Македонија, се нагласува во соопштението. Тоа е одговор на најавите на компанијата дека побарала помош од централата од Виена. Дел од македонските експерти предупредуваат Македонија да не се впушта во нова авантура и да ги плаши потенцијалните нови инвеститори, кои и’ се итно неопходни.

За спорот меѓу владата и ЕВН повеќе од следниот аудио-прилог.