1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Конфликтот во Јужна Осетија се заострува, Грузија официјално во војна

Грузиската влада прогласи вонредна состојба во земјата по седницата на претседателот Михаил Сакашвили и националниот совет за безбеднос. Борбите во отцепениот грузиски регион Јужна Осетија и натаму продолжуваат.

default

Судир меѓу грузиските и руските сили

Грузиската влада известува за руски воздушни напади врз воена база во близина на главниот град Тбилиси и пристанишниот град Поти, каде се наоѓа голема рафинерија за нафта и кој е целосно уништен. Агенциите во меѓувреме јавуваат дека руската војска го освоила јужноосетискиот главен град Чинвали, што властите на Јужна Осетија го демантираат. Москва призна дека се соборени два нејзини авиони.

Без успех апелите за мирно решение на спорот

Конфликтот ескалираше вчера. Грузија започна офанзива за повторно освојување на Јужна Осетија. Русија доведе пак дополнителни трупи и тенкови во регионот. Според руското министерство за надворешни работи во борбите се убиени најмалку 1500 луѓе,а околу 30 илјади се во бегство.

Русија и Грузија меѓусебно се обвинуваат за одговорност за ескалацијата.

Меѓународната заедница досега без успех ги предупредува Грузија и Русија конфликтот да го решат на мирен начин. Советот за безбедност на ОН повторно на вонредната седница не донесе никаков заклучок. Јужна Осетија во 1992 година се отцепи од Грузија и има руска поддршка.